Шест фудбалери на Реал се простуваат од домашната публика вечерва!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва играат важен натпревар за титулата во Примера, против Севиља од 20 часот.

Сепак и покрај големото резултатско значење, овој натпревар за некои играчи ќе биде последен на домашен терен.

Според медиумите, тоа ќе биде за Навас, Данило, Пепе, Коентрао, Родригез и Мората.

Пепе заминува од тимот во лето, а слична е ситуацијата и со Коентрао додека Данило откако стигна од Порто, се споменува дека ќе замине.

Сепак, интересни се Навас, Родригез и Мората.

Доколку Реал го донесе Де Геа, јасно е дека Навас ќе замине. Родригез договори трансфер во Јунајтед, а Мората најверојатно ќе се пресели во Челси.