Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американската скијачка Микаела Шифрин го освои 4-от Кристален глобус во слалом, затоа што победи во Сквоу Вели. На тој начин се врати на тронот, затоа што минатата сезона не ја освои титулата.
Шифрин победи со време 1:39.48 и имаше секунда и три стотинки подобро време од Страхова. 3-та беше Шилд со само 5 стотинки задоцнување зад Страхова.
Главната конкурентка на Шифрин во генералниот пласман во слалом, Зузулова не го заврши првото возење, а тоа и дозволи на Шифрин да стигне до 4-та победа.
Шифрин има шанса оваа година да ја круниса со победа во Светскиот куп, а моментално е на 1-то место.