Шифрин доминацијата во Шведска ја круниса со златен медал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американската скијачка Микаела Шифрин стана светска шампионка во супервелеслалом, откако триумфираше во првата трка на првенството во Оре, Шведска.

Младата Американка така стигна до четвртата светска титула во кариерата, откако претходно славеше во слалом.

Таа зад себе ја остави Софија Гоџа, а трета на трката во супервелеслалом беше Корин Зутер. Меѓу првите пет беа уште Вкторија Ребензбург и Надја Фанчини.

Трката го одбележа и падот на Линдзи Вон, која ја возеше претпоследната трка во кариерата.