Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американската скијачка Микаела Шифрин стигна до рекордната 15. победа сезонава, откако триумфираше во слалом одржан во Чешка.
Шифрин ја обезбеди титулата во Светскиот куп, како и малиот Кристален глобус во слалом, а денеска ја потврди својата доминација сезонава.
Ниту еден друг скијач, во двете конкуренции, нема славено на повеќе од 14 трки во една сезона во 53 години долгата историја на натпреварувањето.
Шифрин до триумфот стигна со резултат од 1.38,98, па зад себеси ги остави Венди Холденер од Швајцарија со заостанување од 0,85 секунди, додека трета беше Петра Влхова од Словачка со заостанување од 2.03 секунди.
Американката досега имаше блескава кариера, а ова е уште еден чекор во нејзиното богато патешествие, кое најверојатно ќе трае уште долго.