Шкендија ја прекина победничката серија на Работнички


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во дербито на колото Шкендија со пресврт дојде до трите бодови против Работнички, додека Вардар конечно излезе од кризата и славеше убедлива победа против Скопје.

Дерби како што се очекуваш се одигра под Шара, а на крајот со кренати глави замина домашниот тим на Шкендија. Најпрво Работнички дојде до водство преку Гофри, но радоста на „Романтичарите“ не траеше долго затоа што Марјан Радески го изеданчи резултатот.

Конечниот резултат го постави Ферхан Хасани кој во 81. минута од пенал го совлада Божиновски.

Вардар со убедливи 3:0 славеше против тимот на Скопје. Фелипе, Максимов и Џигаури беа творци на победата на „црвено црните“ кои конечно излегоа од резултатска криза.

 

РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2:1

ВАРДАР – СКОПЈЕ 3:0

ШКУПИ – СИЛЕКС 0:1

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА 2:1

А. ПАНДЕВ – ПОБЕДА 0:1