Шокантен трансфер, Караско се сели во Кина

Крилниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Јаник Фереира Караско ќе се приклучи на кинескиот тим Далиан Јифанг во трансфер вреден 26 милиони фунти.

Кинеската сезона започнува во март, а клубовите може да крајот на овој месец да регистрираат нови фудбалери.

Далиан Јифанг е тим кој се избори за промоција во најсилната кинеска Супер Лига.

Ваквиот потег фудбалските експерти го видоа со чудење затоа што Светското првенство е на само четири месеци од нас, а трансферот во Кина сигурно ќе му ги намали шансите на Караско за влез во првиот тим на Белгија.