Шок во Италија, почина капитенот на Фиорентина


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шокантни вести стигнуваат од Италија.  Имено, капитенот на Фиорентина и повремен репрезентативец на Италија, Давиде Астори е пронајден мртов во неговата соба во Удине каде Виола денес требаше да го одигра натпреварот против Удинезе.

31 годишниот Астори починал во сон, а потврда за трагедијата стигна и од редовите на Фиорентина.

„Фиорентина со длабока жал јавува шокантна вест дека синоќа почина нашиот капитен Давиде Астори“ –стоеше во краткото соопштение на Фиорентина.

Се уште не е позната причината за неговата смрт, а натпреварот со Удинезе веројатно ќе биде одложен.