Шок во Манчестер, Де Геа бара трансфер во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува „Дон Балон“, голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа сака да го напушти клубот ова лето и да се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Наводно, Шпанецот му кажал на неговиот агент Жорге Мендеш да го комплетира неговиот премин во Реал Мадрид што е можно побрзо.

26 годишниот голман беше поврзуван со Реал Мадрид во неколку сезони наназад, но се очекуваше да остане на „Олд Трафорд“ ова лето.

Како и да е,„Дон Балон“ пренесува дека Де Геа одлучил да заврши со Манчестер, а Жозе Мурињо веќе бил во активна потрага по неговата замена.