Шок во Шпанија, играч на Сосиедад доживеал мозочен удар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Реал Сосиедад потврдија дека нивниот играч, младиот 23 годишен фудбалер Лука Сањали доживеал мозочен удар.

Играчот од средниот ред кој импресионираше со своите настапи на почетокот на сезоната, го доживеал мозочниот удар додека бил на час во универзитетот во кој посетувал настава.

„Лука Сањали доживеа мозочен удар. Тој во моментов е во одделението за мозочни удари во локалната болница каде ќе биде набљудуван во следниот период“ стоеше во соопштението на Сосиедад.

Шпанските медиуми јавуваат дека 23 годишниот фудбалер за среќа добро реагира и не е во животна опасност.