Шок за Милан: Росонерите ја дознаа казната од УЕФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако се уште не е официјално, медиумите во Италија пренесуваат дека Милан го чека тешка казна поради кршењето на правилата на Финансискиот Фер плеј.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан ќе биде казнет со две години неиграње во европските натпреварувања, што значи дека оваа година, но и следната навивачите на Милан нема да видат елитен фудбал на „Сан Сиро“.

„Премиум Спорт“ пак пишува дека Милан покрај двегодишниот бан ќе добие и парична казна од 30 милиони евра.

Каква улога ќе игра оваа казна врз амбициите на клубот во иднина останува да видиме, едно е јасно, ова е голем удар за сите вистински љубители на фудбалот.