Шок за Ристовски и соиграчите: Спортинг Лисабон пред банкрот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најголемите португалски клубови, Спортинг Лисабон се наоѓа во големи финансиски проблеми и е пред банкрот.

„А Бола“ пренесува дека клубот веќе со години е во големи долгови, а сега износот на истите се искачил на 65 милиони евра. Медиумот пренесува дека до јуни оваа година Спортинг мора да подмири 41 милион евра од долгот, а доколку тоа не го сторат им следи стечај и префрлање во најниските лиги во Португалија.

Поради тоа од клубот за помош се обратиле до градските власти за да го одложат плаќањето на долгот.

Се шпекулира дека Спортинг има пари да подмири само две плати на Ристовски и соиграчите, а потоа касата на клубот ќе остане празна.

Што ќе биде со великанот на португалскиот фудбал останува да видиме во следниот период.