Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќешната вечер беше од лоша полоша за кошаркарската репрезентација на Шпанија. Во пријателски дуел беше поразена од Белгија со 89 – 71, но поразот не беше толку болен колку повредата на Љуљ.
Terrible. No pinta nada bien la lesión de Llull. pic.twitter.com/OBTlaOROqm
— Aarón Morales (@Aaron_Morales_) August 9, 2017
Еден од најдобрите шпански играчи, Серхио Љуљ некаде на средина на првата четвртина згазна незгодно и го повреди коленото, по што целата репрезентација на Шпанија беше во шок.
Шпанските кошаркари потресени од повредата на еден од нивните клучни играчи, го загубија мечот со 89 – 71.
Најефикасен на мечот со 18 поени беше Аксел Хервел од составот на Белгија. За Шпанија По Гасол постигна 15 поени.
Ова беше еден од серијата пријателски мечови кои Шпанија ќе ги одигра пред стартот на ЕвроБаскетот кој почнува на 31 август. Сепак, повредата на Љуљ воопшто не изгледа наивно и најверојатно подоцна во денот ќе има известување за сериозноста на истата.