Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на МанчестерЈунајтед, Жозе Мурињо, во пресрет на средбата со Евертон одржа прес конференција на која одговараше на најразлични прашања.
Меѓу другото, Португалецот беше запрашан за договорот на Давид Де Геа и истакна дека не е убеден дека Шпанецот ќе ја продолжи верноста со клубот.
„Не сум убеден, но исто така не сум ни загрижен. Не можам да најдам збор на англиски со кој би опишал, но да видиме што ќе се случи. Само од клубот, Давид и неговите луѓе може да одговорат на тоа. Мојот коментар е само да посочам на сите да знаат колку е тој добар, колку е важен за Манчестер Јунајтед и доколку клубот сака да биде подобар од тоа, очигледно ќе биде многу важно да го задржи Давид“- коментираше Мурињо.