Шок на Гудисон – Крилен фудбалер надвор од теренот година дена!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат британските медиуми, фудбалерот на Евертон од теренот ќе отсуствува многу долго.

Ни најголемите песимисти не можеа да помислат дека повредата на мечот со Манчестер Јунајтед, Боласи може да го одвои од терените до крајот на сезоната.

Беше на тој меч поранешниот фудбалер на Палас еден од најдобрите на теренот, тогаш следеше повреда и од тогаш лошите вести не прекинуваат да доаѓаат на негова адреса.

Првите прогнози беа дека ќе пропушти неколку месеци поради повреда на десното коло.

После тоа, се стравуваше дека сезоната е завршена. Беше потоа и јасно дека сезоната навистина е завршена за него и дека Куман ќе мора да побара замена во јануарскиот преоден рок, но новите информации укажуваат на тоа дека Јаник Боласи ќе пропушти уште повеќе.

Повреда на надворешните лигаменти на коленото, крилниот фудбалер на Карамелите од теренот ќе биде оддалечен цела година, јавува Би-би-си.

“Ќе се врати за 11 или 12 месеци. Тоа е големо разочарување, но важно е дека ќе се врати“, изјави Роналд Куман.

Тој во наредните недели ќе биде подлегнат на втора операција.