Шоу на Диего Коста во Мадрид: Гол, прослава, црвен картон!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вистинско шоу на натпреварот направи Диего Коста, а на крајот мораше да го заврши порано натпреварот.

Од него видовме се на натпреварот против Гетафе. Прво на крајот на првото полувреме беше на граница да се тепа со дефанзивец на гостите, а потоа поради удирање лакт доби жолт картон.

Во 68-та минута, Диего погоди по асистенцијата на Врсаљко за зголемување на резултатот на 2:0, а потоа се качи на трибините да прослави со навивачите.

Судијата тоа не го толерираше и му го покажа вториот жолт картон и патот кон соблекувалната.