Шо ќе замине на позајмица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо ја разгледува можноста во јануари да го прати на позајмица левиот бек, Лук Шо.

Медиумите во Англија пишуваат дека Португалецот е подготвен да го отстапи фудбалерот кој мака мачи со повреди во преостанатите шест месеци. Неговите настапи како позајмен фудбалер би одлучиле дали играчот ќе остане во Манчестер Јунајтед или ќе биде продаден наредното лето.

22 годишниот фудбалер често беше критикуван од страна на Мурињо, а повредите го оддалечија од терените во поголем дел од минатата, но и оваа сезона.

Саутемптон е заинтересиран да го врати Англичанецот во своите редови по се извесното заминување на Рајан Бертранд од клубот.