Шпански АС потврдува: Скаутите на Реал ја пикираа првата ѕвезда на „Римската Волчица“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Репрезентацијата на БиХ пред два дена го одигра пријателскиот меч на гости против Шпанија и загуби со 1:0.

Во шпанските медиуми по двобојот се појави веста дека во Гран Канари биле скаутите на Реал Мадрид и го следеле Един Џеко.

Шпански АС објави две причини поради кои Реал Мадрид го следел напаѓачот на Рома и БиХ.

Првата причина е таа дека Реал Мадрид во следното коло во Лигата на шампионите игра против Рома, па скаутите на славниот шпански клуб го следеле 32-годишниот Џеко за Реал подобро да се подготви за мечот.

Но, шпанскиот весник тврди дека вистинската причина за нивното доаѓање е доведувањето на Џеко во Мадрид. Како што се наведува, Џеко е голема желба на челниците на Реал и би сакале да го донесат уште оваа зима, кога ќе стартува преодниот рок.

Џеко во својата кариера настапуваше за Железничар, Теплица, Лабем, Волфзбург, Манчестер Сити, а од 2015. година настапува за Рома.