Шпанците со остри критики: Мурињо намерно сака отказ од Јунајтед за да го преземе Реал


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Хулен Лопетеги не е безбеден на тренерското место на Реал Мадрид, па би можел наскоро да добие отказ и да си замине од клубот.

Во претходните денови се споменуваа неколку имиња на тренери, кои би можеле да го заменат на тренерското место, а некои од нив беа Антонио Конте, Лорен Блан, Роберто Мартинез, Арсен Венгер, но и Жозе Мурињо.

Шпански „Диарио“ пишува дека Поргуалецот е најголем кандидат за таа позиција и намерно го „уништува“ Манчестер јунајтед за да добие отказ и да го преземе „кралскиот клуб“.

„Мурињо на крајот повторно ќе биде тренер на Реал. Тој веќе цела година се обидува да добие отказ во Јунајтед и наскоро тоа ќе се случи“, пишува шпанскиот медиум.

Тешки обвинувања има на сметка на Португалецот и неговиот професионализам, но ќе видиме што ќе се случува во наредниот период.