Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Европската фудбалска организација (УЕФА) ги демантираше шпекулациите дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, паднал на допинг-тест по минатогодишното финале во Лигата на шампиони против Јувентус.
„Фудбал Ликс“ преку германски „Шпигел“ објавија информации дека Рамос бил позитивен на дексаметазон, па пишува дека УЕФА го затаила тој скандал.
Реал Мадрид, како и УЕФА, ги демантираа шпекулациите на „Фудбал Ликс“.
„УЕФА ги отфрла сите обвинувања, кои се однесуваат на позитивниот резултат на допинг на Серхио Рамос. Спорната контрола на УЕФА била направена во согласност со правилата на Светската анти-допинг агенција. УЕФА информира и дека ВАДА и ФИФА биле известени за овој случај, но не поднеле никаква жалба“, пишува во соопштението на УЕФА.
Дали има вистина во ваквите шпекулации очигледно нема да дознаеме никогаш, но секако отвора сомнеж во работењето на УЕФА.