Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Ракометарите на Шпанија се нови шампиони на Европа, откако во финалето на ЕП во Загреб успеаа да ја победат Шведска со 29-23.
Швеѓаните влегоа добро во натпреварот и имаа предност од три голови во еден момент, но потоа Шпанците успеаа со серија на неколку голови да се вратат во игра. На полувреме Шведска замина со предност од 14-12.
Меѓутоа, не одеше се по планот во вториот дел и Шпанија заигра одлично, па Штербик бранеше апсолутно се и Шпанците стигнаа до пресврт уште на самиот почеток.
Како поминуваше времето, Шпанија ја превземаше иницијативата и го зголемуваше водството, се до конечни 29-23.