Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По вчерашниот пораз од екипата на Работнички, втор на свој терен, а трет во шесте кола во ПМФЛ, досегашниот тренер Зоран Штерјовски повеќе не е вршител на таа должност.
Имено само петте освоени поени беа причина Штерјовски да понуди неотповиклива оставка која веднаш е прифатена од клупското раководство на Победа.
Се очекува во следните денови да биде назначен негов наследник, а разговорите за нов тренер на прилепскиот клуб веќе се во тек. Тренинзите до тогаш ќе ги водат досегашните помошници на Штерјовски, Вршкоски и Кебакоски.