Што вели Верати за трансфер во Барселона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанецот не очекува трансфер во Барселона.

Марко Верати е една од најголемите желби на Барселона, но фудбалерот верува дека и наредната сезона ќе остане во ПСЖ.

„Клубот одлучува за тоа и поради тоа мислам дека ќе играм тука и наредната сезона. Покрај тоа, имам уште 4 години од договорот, па така сум поврзан со Париз. Среќен сум што сум дел од овој тим.“

Покрај Барселона, Верати го сакаат Интер и Јувентус, но тешко дека некој ќе успее да го купи ова лето.