„Што и да се случи, Мареј за мене е број 1“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Матс Виландер изјави дека Енди Мареј би требало да ја заврши сезоната на првото место на АТП листата, без оглед на резултатот од финалето во Лондон.

    Мареј игра против Ѓоковиќ во финалето, а влог ќе биде титулата за најдобар тенисер во светот на крајот на годината.

    „Енди Мареј во овој момент е најдобар тенисер во светот. Мислам дека би требало да биде свесен дека заслужува да биде број еден на крајот на сезоната. Веќе една недела е на врвот и покажа дека може да биде конкурентен на сите терени. Ова е негов момент. За мене Мареј останува број еден, што и да се случи.“

    Виландер исто така се наврати на последните неколку месеци во кариерата на Ѓоковиќ.

    „Имаше психички проблеми, како и сите. Никој не може да биде на највисоко ниво засекогаш. Кога ќе ја погледнеме кариерата на Федерер, тој имаше психички проблеми кога се појави Надал. Невозможно е да се победи на секој натпревар.“