Што му недостига на Манчестер јунајтед? Пет фудбалери за – 350 милиони евра!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера загуби од Арсенал со 0-2 во англискиот шампионат, па се „лизна“ од четвртото место, а тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер го оцени мечот како најлош откако е на клупата.

Се видоа некои граници на тимот, а легендата Гери Невил смета дека на тимот му се потребни уште пет засилувања.

„Клубот мора да издвои повеќе од 300 милиони евра за да го засили тимот и да се спротистави на Ливерпул и Манчестер сити“, смета поранешниот капитен на Јунајтед.

Неговиот пријател надвор од теренот, Џејми Карагер се насмеа на тие коментари на Невил.

„Оле ги има Линделоф и Смолинг, му фалат уште двајца стопери и десен бек. Кога ќе се спореди со Сити, тие ги имаат Отаменди, Лапорт, Стонс и Компани“, вели Невил.

Се знае веќе едно потенцијално засилување за одбраната, а тоа е Калиду Кулибали од Наполи, но тој чини повеќе од 100 милиони евра.

Постојат многу комбинации, а се споменува и пристигнување на Џејдон Санчо, додека Јунајтед го посакува и Даглас Коста од Јувентус, но тешко можат „ѓаволите“ да ангажираат пет фудбалери од светска класа за 350 милиони евра.