Што се случува во Челси: Сари чека да потпише договор, а Конте закажува тренинг со играчите?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанецот нема да направи ниту еден погрешен чекор, а тоа што го направи, покажува дека е дораснат на играта.

Циркусот во Челси продолжува. Антонио Конте сè уште е тренер на „сините“, Маурицио Сари и понатаму чека договор на екипата од Лондон со Наполи.

Но, „Тајмс“ пишува дека Конте не се откажува, па им испратил порака на играчите, кои не играат на Мундијалот, да се соберат викендов поради тестови.

Меѓутоа, Конте беше на одмор во јужна Италија, па го закажа почетокот на подготовките за понеделник. Неговиот стручен штаб, наводно, ги контактирал играчите и ги повикал во тренинг центарот.

Сега играчите се зачудени, тие ќе се појават викендов, а ова е нова „игра“ помеѓу Италјанецот и клубот.  Конте не сака да направи грешка, па се однесува како да е тренер на клубот.

„Тајмс“ пишува дека ова ја налути уште повеќе управата, која се обидува да најде стратегија да го тужи конте за губење на вредноста на Диего Коста, кога му испрати порака дека не смета на него.

Поранешниот тренер на Јувентус и Италија нема да му даде на Челси ниту една причина за да ја „уништи“ неговата последна година од договорот, а исто така не се согласува на договор. Едноставно, ако му дадат отказ, ќе мора да му платат 11 милиони евра.

Од друга страна, клубот е при крај со трансферот на Гонзало Игуаин, иако неговиот брат тоа го демантираше, а стигнува и Александер Головин од ЦСКА, а наскоро би требало да почнат преговорите со Даниеле Ругани, Весино и уште неколку играчи.