Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Репрезентацијата на Шпанија го отвори Мундијалот со реми против Португалија (3:3) со многу добра игра, иако останаа без селектор само два дена претходно.
Шпанскиот сојуз ги шокираше сите откако му врачи отказ на Лопетеги само на еден ден пред почетокот на Мундијалот во Русија, а на него место дојде Фернандо Иеро.
Сите им предвидоа пропаст на Шпанците, но тие против Португалија одиграа навистина добар меч.
Исто така, се зборуваше дека во екипата на Црвената Фурија владее лоша атмосфера, но тоа екипата го демантираше на вчерашниот тренинг.
Убаво се гледа дека атмосферата во тимот е на завидно ниво, иако на многумина не им е јасно што тие прават на тренингот.