Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дејвид Бекам му го „украде“ шоуто на Леброн Џејмс во „Стејплс центарот“ во текот на мечот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Њу Орлеанс пеликанс.
Фудбалската легенда беше гостин на мечот во кој Лејкерс славеа со 125-119, а притоа мечот го гледаше од ВИП-местото покрај паркетот.
Тоа беше идеална шанса за фотографите да „фатат“ некоја интересна фотографија од Бекам, посебно кога покрај него поминуваа згодните девојки.
Бекам се трудеше да не погледне, но сепак го сврте погледот кога тие поминаа покрај него, а тоа на фотографите не им избега. Па, многумина се пошегуваа на сметка на Англичанецот и го запрашаа „Што ќе каже Викторија на ова?“.