„Ѓаволите“ во дилема: Де Хеа има два услови за да остане во Јунајтед


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Жозе Мурињо сака да го продолжи договорот со голманот Давид Де Хеа, но Шпанецот има два услови за да остане во Манчестер јунајтед.

Де Хеа ја одби понудата од 275.000 фунти, па смета дека треба да добие плата од 350.000 фунти плус бонуси, зашто е најдобар голман во светот.

Покрај тоа сака гаранција од Јунајтед дека може да создадат сериозна екипа, која ќе може да се бори за трофеи.

Ако тоа не се случи до наредниот месец и не потпишат договор, Јунајтед ќе ја активира клаузулата во договорот и ќе го продолжи до 2020 година, но тоа е само одложување, зашто тогаш Де Хеа би можел да замине како слободен фудбалер.

Мурињо се надева дека Жорж Мендеш ќе го убеди својот агент да потпише договор, но не е познато ниту дали Португалецот ќе остане на тренерската клупа на Јунајтед, доколку продолжи со катастрофалните настапи.