„Ѓаволите“ добија зелено светло, Барселона и дефинитивно крена раце од Кутињо…


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Каталонски Спорт и британски Скај Спорт пишуваат дека Манчестер Јунајтед неочекувано лесно добил зелено светло од Барселона за преговори околу Филипе Кутињо.

Најскапиот играч во историјата на Барселона е на продажба. Само една година по 160 милиони евра вредниот трансфер од Ливерпул?

Не успеа да се вклопи. Каталонските медиуми пишуваат дека и Ернесто Валверде дигнал раце од него и дека клубот дал зелено светло за продажба ако стигна понуда која ќе ја задоволи Барселона. Манчестер Јунајтед само го испишуваше пулсот се распрашуваше дали Бразилецот е на продажба, а сега доби одговор дека може да се пушти во акција.

Во Барселона ја изгубија надежта дека Кутињо ќе заигра на нивото кое го имаше во Ливерпул. Доби доволно шанси да се покаже во вистинско светло и не успеа. А експлозијата на Осман Дембеле во оваа сезона, фантастичните игри на новиот играч Артуро и веќе обезбедениот трасфер на Де Јонг на лето ќе прават метеж. Кутињо нема место ниту во напаѓачкиот трилинг со Меси, Суарез и Дембеле, ниту во редот за врска каде се Бускетс, Ракитич, Артуро Видал, а се очекува и поголема минутажа за талентираниот Карлес Аленја. Кутињо е планиран како наследник на Андрес Иниеста, но таа улога на себе веќе ја презеде неговиот сонародник, Артур и игра фантастично.

Во 16 натпревари како стартер во Примера, Кутињо пет пати играше како десно крило, исто толку пати како лево крило и шест пати на левата страна во редот за врска. Никаде не се вклопи. Бразилецот потполно ја загуби самодовербата.

Манчестер Јунајтед е заинтересиран и сега треба да премине на конкретни чекори и да ја конвертира понудата која би ги задоволила Каталонците. Дали во овој преоден рок или следното лето, ќе дознаеме набрзо…

Се споменува и опција да биде вклучен во мегаоперацијата за враќање на Нејмар во Барселона следното лето со оглед на тоа дека ПСЖ претходно сакаше, но со оглед на лошите односи на францускиот и каталонскиот клуб, тоа е помалку веројатна опција.