Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампиони ни носи неколку одлични дуели, а сигурно многу внимание ќе привлече мечот меѓу Манчестер јунајтед и Барселона.
Старите ривали немаат играно уште од 2011 година и финалето на Лигата на шампиони кога на „Вембли“ славеше Барселона со 3-1.
Манчестер јунајтед на својот пат до четвртфинале го совлада ПСЖ, иако „ѓаволите“ беа отпишани и малкумина веруваа дека ќе се пласираат во следното коло. Сепак, пред екипата на Оле Гунар Солскјер сега се наоѓа најтешкиот предизвик, а тоа е Барселона.
„Ѓаволите“ првиот меч го играат на домашен терен, а реваншот се игра на „Камп ноу“, кој и тоа како е во добро сеќавање на навивачите на клубот. Познато е дека Јунајтед ја освои ЛШ во 1999 година во Барселона и тоа со неверојатен пресврт против Баерн Минхен.
Тогаш Солскјер беше херој како фудбалер, а многумина се надеваат дека овојпат во Барселон ќе биде успешен и како тренер. пред мечот се огласи и легендарниот голман Питер Шмајхел со многу јасна порака.
„Барселона не е најлошото место за Манчестер јунајтед. Напред, Оле!“, порача поранешниот голман.
Barcelona is not the worst place for @ManUtd to go??@ChampionsLeague #ComeOnOle pic.twitter.com/KurwdH4vvi
— Peter Schmeichel (@Pschmeichel1) March 15, 2019