Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го продолжи вечерва својот меч против Филип Колшрајбер, кој беше прекинат минатата ноќ поради дожд, а за тоа време се „подготвува“ за Вимблдон.
Мечот на Ѓоковиќ од третото коло на турнирот во Индијан Велс би требало да продолжи вечерва по 22 часот.
Мечот беше прекинат на самиот почеток при водство на најдобриот тенисер во светот со 1-0 во гемови, додека Колшрајбер имаше гем топка во вториот.
Дождот не му пречеше на Ѓоковиќ, па ја облече капата на глава и одигра партија тенис. Интересно е тоа што подлогата беше тревата.
„Никогаш не е рано да се почне со подготовките за Вимблдон“, напиша Ѓоковиќ.