Ѓоковиќ го објави распоредот: Преминува четири континенти и 40.000 км за три месеци!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ објави распоред од првиот дел на сезоната, кој официјално почнува со турнирот во Доха.

Претходно, српскиот тенисер учествува на егзибиција во Абу Даби од петок до недела, а тоа ќе му биде подготовка за годината во која ќе го брани првото место на АТП листата и два грен-слема, на Вимблдон и Ју-Ес Опен.

По Доха (31 декември – петти јануари), Ѓоковиќ игра на Австралијан Опен од 14 до 27 јануари, а потоа планира настапи на Мастерс турнирите во Индијан Велс од седми до 17 јануари, па во Мајами од 20 до 31 март, Мадрид од петти до 12 мај и Рим од 12 до 19 мај.

Ѓоковиќ го очекуват и наредните два грен-слем турнири – Ролан Гарос од 26 до деветти јуни и Вимблдон од први до 14 јули.