Ѓоковиќ го освои Синсинати и скокна на АТП-листата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Единствениот трофеј од Мастерс серијата кој му недостигаше на Новак Ѓоковиќ, успеа да го освои вчера во дуел против Роџер Федерер.

Србинот беше подобар од Федерер по еден ипол час борба (6-4 и 6-4), а освен што влезе во историјата како прв тенисер кој ги има освоено сите девет Мастерс турнири, Србинот дополнително напредуваше на АТП-листата.

Во Синсинати стигна како десетти тенисер во светот, а денеска се искачи за четири места и на новата АТП листа се наоѓа на шестото место.

Зад него се Марин Чилиќ, Григор Димитров, Доминик Тим и Давид Гофан, а пред него остануваат Рафаел Надал, Роџер Федерер, Дел Потро, Александер Зверев и Кевин Андерсон