Ѓоковиќ даде голема поддршка за новото натпреварување на АТП


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) и тениската федерација на Австралија потврдија дека ќе организираат АТП куп тимско натпреварување кое од 2020 година ќе ја отвора сезоната.

Таквата одлука доаѓа од АТП откако Меѓународната тениска федерација одобри промени во Девис купот од наредната година.

Во мај, извршниот директор на АТП, Крис Кермод кажа дека организацијата на двете натпреварувања во период од шест недели би била лудост.

АТП купот ќе има награден фонд од 11,35 милиони фунти, а на него би учествувале 24 репрезентации, кои ќе бидат поделени во четири групи, а тенисерите кои ќе учествуваат ќе добиваат и АТП-поени.

Од друга страна, Дејвис Купот ја затвора сезоната, а на него ќе учествуваат 18 тимови.

Претседателот на здружението на тенисери, Новак Ѓоковиќ, даде голема поддршка за АТП купот на претставувањето во Лондон.

„Ми се допаѓа турнирот кој ќе го организира АТП. Австралија е земја, која има грен-слем и има голема тениска традиција. Повеќе од 90% од времето играме како поединци, па немаме многу тимски натпреварувања. Јас сум горд што ќе ја претставувам мојата земја и на тој турнир“, кажа Ѓоковиќ.