Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи својот сонародник по пресврт со 2-1 во сетови и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Вториот тенисер во светот беше подобар од Вавринка со 6-7, 7-6 и 6-2 и така обезбеди дуел со Давид Гофан, кој беше подобар во четвртфиналето од Хуан Мартин Дел Потро.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати со победа против Милош Раониќ со 2-1 во сетови.
Ѓоковиќ во само неколку часа одигра два дуели во Синсинати, а по победата во осминафиналето, стигна до триумф и во четвртфиналето со 7-5, 4-6 и 6-3.
Ривал на српскиот тенисер во полуфиналето ќе му биде Марин Чилиќ, кој претходно беше подобар од Пабло Карено-Буста.
❤️ + ? = ✌️
1 day, 2 wins in 3 sets 4 @DjokerNole #CincyTennis pic.twitter.com/2EvSYyi4z7
— Tennis TV (@TennisTV) August 17, 2018