„Ѓоковиќ, Мареј и Надал се многу слични“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Муратоглу изјави дека тие тројца се поинакви од претходните шампиони бидејќи и тенисот се сменил.

    „Најимпресивна работа кај Енди е интензитетот кој го имаше во последните 6 месеци. Финалето во Лондон го доби по два маратони. Во последните 6 месеци изгуби само неколку натпревари. Тоа го направи Мареј број еден во светскиот тенис. Новак има сопствен стил, а Надал повеќе сака да игра на земјени терени.“

    „Но, сите тројца имаат исти квалитети- интензитет, малку грешки и ефикасен тенис. Тоа е тенис на новите подлоги. Мареј и Ѓоковиќ тоа го докажаа. Тие многу се разликуваат од Агаси, Сампрас, Бекер, Едберг, Рафтер или Мекинро. Тенисот се измени.“