Ѓоковиќ му „дише во врат“ на Федерер по број на трофеи (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ испиша историја кога на Австралијан опен ја освои седмата рекордна титула во Мелбурн во кариерата.

Тоа беше и 15. трофеј на гренслем турнирите за Србинот, па така стигна до бројката од 52 титули, во кои се собираат гренслем-трофеи, титули од Завршниот Мастерс и турнири од 1.000 серијата.

Србинот има само една помалку од Федерер, кој во Мелбурн загуби во четвртото коло од Стефанос Циципас.

Сепак, најдобриот српски тенисер има најдобар просек со освојувањето на трофеи, зашто има 52 „големи титули“ на 173 турнири. А, од друга страна Федерер до 53 стигнал по настап на 223 турнири.

На трето место е Рафаел Надал со 50 трофеи, но никогаш го нема освоено Завршниот Мастерс во сезоната.