Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, ја почна својата 227 недела на првото место на АТП-листата.
Тениската сезона е завршена, па во врвот на АТП-листата нема да има промени, па тоа се добри вести за најдобриот српски тенисер.
Српскиот ас ја почна 227 недела на врвот, а од Џими Конорс, кој е на четвртото место на вечната листа, го делат само 41 недела.
Доколку успее да го стигне Американецот, Ѓоковиќ нема да биде далеку од рекордите на Иван Лендл (270 недели) и Пит Сампрас (286 недели). Додека Роџер Федерер е убедливо на врвот со 310 недели поминати на врвот на АТП-листата.