Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот тенисер на АТП-листата, Новак Ѓоковиќ, новата сезона ќе ја почне во Доха, а таа информација беше објавена денеска на сајтот на Србинот.
Минатата година не настапуваше во главниот град на Катар, каде што двапати го освојуваше турнирот, односно во 2016 и 2017 година.
Турнирот во Катар, од серијата 250, се игра од 31 декември 2018 до петти јануари наредната година.
Тоа би можел да биде фантастичен почеток за српскиот тенисер, на кого очигледно му оди многу добро во Катар.