Ѓоковиќ одбил повик од Путин да биде гостин во Русија


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пред четири години беше повикан од рускиот претседател Владимир Путин да биде гостин на хокеарски натпревар меѓу Русија и САД.

Русинот лично го повика Ѓоковиќ да биде специјален гостин на Олимписките игри во Сочи, а Србинот морал да го одбие, зашто тенисот во тој момент му бил приоритет.

„Ѓоковиќ тогаш играше во Дубаи и не можеше да замина во Русија“, откри неговиот татко.

Уште тогаш Ѓоковиќ покажал колку му се важни тениските турнири, како и дека е максимално посветен на натпреварувањата.