„Ѓоковиќ по Мајами сакаше да се откаже од тенисот!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден ден откако ја освои титулата на Вимблдон, поранешниот тенисер Филип Воланди зборуваше дека Новак Ѓоковиќ планирал да се откажена крајот на март.

„Тоа е остварување на сонот, особено кога размислуваме за тоа дека по Мајами, Новак кажа дека не знае дали ќе игра и понатаму“, вели Воландри.

Новак по финалето на Вимблдон кажа дека во Индијан Велс и Мајами се чувствувал најлошо на теренот, откако е тенисер.

„Разговаравме со Фабио Фоњини пред неколку дена, но знаевме дека ќе ја врати самодовербата кога ќе добие два натпревари на повисоко ниво. Не очекувавме да го освои Вимблдон, но по дуелот со Едмунд видовме многу подобра игра од Ѓоковиќ“, објаснува тој.