Ѓоковиќ по триумфот против Делбонис: Го загубив фокусот, морав да играм подобро!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го совлада Федерико Делбонис во третото коло од Мастерсот во Мајами со 2-1 во сетови, но српскиот тенисер се соочуваше со потешкотии во текот на првиот и вториот сет.

Ѓоковиќ го освои првиот сет со 7-5, но испушти водство од 5-2, откако Делбонис израмни на 5-5. Сепак, во вториот сет немаше таква среќа, па го загуби сетот, но затоа во последниот успеа да слави со убедливи 6-1.

„Искрено го загубив фокусот. Требаше да играм подобро и да реагирам подобро на крајот на првиот и вториот сет. Играв многу добро во првите гемови, но потоа лошо сервирав. Секоја чест на Делбонис за одличната игра. Тој немаше што да загуби во мечот“, порача Ѓоковиќ.

Нареден противник на Ѓоковиќ ќе му биде Роберто Баутиста Агут, кој го победи Фабио Фоњини со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4.