Ѓоковиќ сигурен против Чечинато за пласман во четвртфинале!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, откако денеска го порази Марко Чечинато со 2-0 во сетови.

Италијанецот одлично играше во првиот сет и имаше дури и две брејк топки, но сепак го загуби својот сервис во седмиот гем и Ѓоковиќ славеше во првиот со 6-4. Во вториот Ѓоковиќ беше повторно одличен, па стигна до триумфот.

Српскиот тенисер во четвртфиналето ќе игра против Кевин Андерсон, кој беше подобар од Стефанос Циципас.

Освен нив двајца, понатаму се пласираа Германецот Александер Зверев и Кајл Едмунд.