Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Завршија шест натпревари од 1/16 финалето на АТП турнирот во Мадрид.
Ѓоковиќ стигна до тешка победа против Алмагро, 1:2 во сетови.
Уште во воведниот гем шпанецот го одзеде сервисот на Ѓоковиќ, но потоа србинот беше фантастичен и лесно го доби првиот сет, 1:6. Алмагро во десетиот гем во вториот сет ја искористи втората брејк топка и го израмни резултатот во сетови, 1:1, 6:4. Одличен старт на Николас во третиот сет и уште во вториот гем го одзеде сервисот на Ѓоковиќ, 2:0. Новак возврати со брејк во петиот гем и намали на 3:2. Српскиот тенисер клучниот брејк го направи во 11-от гем, па потоа на свој сервис стигна до победа, 5:7. Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра подобриот од дуелот Симон – Лопез.
Кирјос за помалку од еден час игра го совлада Харисон, 2:0 во сетови.
Во првиот сет Кирјос направи два брејка, во петиот и седмиот гем, 6:3. Со единствениот брејк во вториот сет, австралиецот се пласира во осминафинале, 6:3. Кирјос во 1/8 финалето ќе игра против подобриот од дуелот Фоњињи – Надал.
Нишикори со многу мака и пресврт стигна до победа против Шварцман, 2:1 во сетови.
Катастрофална игра на јапонецот во првиот сет, 1:6. Во вториот сет Нишикори не му дозволи на Шварцман да освои ниту еден гем, 6:0. Одлучувачкиот сет донесе многу брејкови. Кеи во четвртиот гем го одзеде сервисот на Шварцман, 3:1, но во следниот гем го изгуби својот сервис, 3:2. Јапонецот во осмиот гем повторно направи брејк, 5:3, а на негов сервис пропушти четири меч топки, па Шварцман тоа го искористи и намали на 5:4. Во десетиот гем Нишикори ја искористи шестата меч топка и стигна до победа, 6:4. Противник на Нишикори во 1/8 финалето ќе биде Ферер.
Раониќ беше сигурен против Милер, 2:0 во сетови.
Канаѓанецот со по еден брејк во двата сета стигна до осминафинале. Во првиот сет тоа го направи во третиот гем, 6:4. Раониќ во вториот сет го одзеде сервисот на Милер исто така во третиот гем, 6:4. Раониќ во 1/8 финалето ќе игра против Гофан.
Бердих беше подобар од Хаасе, 2:0 во сетови.
Двата тенисери беа сигурни во првиот сет, па победникот мораше да се решаваше во тај брејк. Чехот го доби тај-брејкот, 7:5 и стигна до водство во сетови. Бердих два пати го одзеде сервисот на холанѓанецот во вториот сет, во петиот и деветиот гем за победа, 6:3. Чешкиот тенисер ќе го чека подобриот од натпреварот Зверев – Чилиќ.
Цонга требаше да игра против Ферер, но го предаде натпреварот, па шпанецот е осминафиналист. Ферер во следното коло ќе игра против Нишикори.