Ѓоковиќ со триумф го почна Мастерсот во Мајами


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерс турнирот во Мајами, откако со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-2 го совлада Бернард Томиќ од Австралија.

Мечот меѓу двајцата тенисери траеше еден час и 16 минути, а Србинот имаше големи проблеми во првиот сет, но сепак, успеа да биде подобар од Австралиецот во тај-брејкот со 7-2.

Во вториот сет, Ѓоковиќ имаше многу полесна задача, па направи брејк уште на стартот и славеше со 6-2.

Во наредното коло негов противник ќе биде 28-годишниот Федерико Делбонис од Аргентина, кој во второто коло го елиминираше Џон Милман со 2-1 во сетови по два ипол часа борба.