Ѓорческа елиминирана во првото квалификационо коло на Вимблдон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашата најдобра тенисерка е елиминирана од првото квалификациско коло на Вимблдон од српската тенисерка Александра Круниќ откако со 2:0 по сетови (6:4, 6:4) го загуби натпреварот.

Круниќ беше голем фаворит во овој меч, а тоа го покажа и на теренот совладувајќи ја нашата тенисерка со убедливи 2:0.

Уште на почетокот српската тенисерка направи брејк и со тоа ја најави победата. До крајот потоа на првиот сет се играше гем за гем. Истото ситуација ја видовме и во вториот сет.

Натпреварот требаше да се одигра вчера, но поради дождот во Англија истиот беше презакажан за денес.