Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Виктор Ѓокереш наводно е лут на Спортинг од Лисабон бидејќи смета дека клубот ја кочи можноста за негов развој и трансфер. Според англиските медиуми, Ѓокереш се чувствува изигран бидејќи во Спортинг не сакаат да ја фиксираат отштетната клаузула, како што беше договорено на почетокот на сезоната.
Шведскиот напаѓач блескаше оваа сезона со 54 гола и 13 асистенции во 52 натпревари за португалските шампиони. Постигна 39 гола во лигата, речиси половина од вкупниот број голови (88) на Спортинг во националното првенство и беше стрелец на последното коло и одлучувачкиот натпревар. Спортинг го освои трофејот со два бода повеќе од второпласираната Бенфика.
Интерес за него одамна покажуваат посилни европски клубови. Го посакуваат Баерн, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Англиските клубови имаат поголеми шанси да го доведат и секој од нив има свои адути. Јунајтед го води Рубен Аморим, кој го откри Ѓокереш и го доведе во Спортинг, додека Арсенал е најконкретен, а за разлика од Јунајтед, го мами со играње за англиската титула и Лигата на шампионите.
Клаузулата му е 100 милиони евра, но се тврди дека било договорено дека ќе може да замине за 60 милиони евра фиксно, со дополнителни 10 милиони евра преку бонуси. Сега се тврди дека Спортинг не прифаќа на таа сума и тоа е причината за лутина и кавга на Ѓокереш. Во клубот наводно не сакаат да го продадат за износ помал од 80 милиони евра.
Фото: Принтскрин