Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш е на работ на трансфер во Арсенал. Тој ги прифати личните услови и изрази желба клубот од „Емирати“ да биде неговата следна дестинација.
Според извори блиски до преговорите, Ѓокереш се согласил на петгодишен договор, кој ќе важи до јуни 2030 година. Тој го информираше својот моментален клуб, Спортинг Лисабон, дека има силна намера да се пресели во Арсенал и не бара разговори со други клубови.
Тековните преговори помеѓу Арсенал и Спортинг се ближат кон крајот, а официјалната потврда за трансферот се очекува наскоро. Арсенал, под водство на Микел Артета, е на пат да добие силно офанзивно засилување за трката по трофеи во претстојната сезона.
Фото: Принтскрин