Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Додека и понатаму се шпекулира зошто Новак Ѓоковиќ не игра во Рим, што престојот во САД само 20 дена пред Ролан Гарос значи за неговиот настап на вториот грен слем на сезоната, пристигнува веста дека Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Женева.
Веста во петокот ја потврдија организаторите на турнирот кој оваа година ќе се одржи од 17 до 24 мај.
Новак играше и минатата година во Женева, а оваа година доби специјална покана од организаторите.
Што се однесува до самиот турнир, нема подобар начин да се одбележи десеттиот јубилеен турнир отколку што на него да игра најтрофејниот тенисер во историјата.
Новак и минатата година за учество на турнирот доби специјална покана, а стигна до полуфиналето каде што во три сета подобар од него беше Томаш Махач.
Во Женева ќе играат и Тејлор Фриц, Каспер Руд, Григор Димитров, Томаш Махач… Дури 17 играчи од топ 50 на АТП листата ќе бидат на турнирот кој се игра една недела пред Ролан Гарос.
Фото: Grok AI
.