Ѓоковиќ доби извинување какво што не го очекуваше ни во најлудите соништа


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ почна да ги губи големите мечеви и изгледа дека на тој начин ја придоби љубовта на јавноста, поради што доби извинување кое сигурно не го очекуваше.

Ѓоковиќ во последно време нема среќа на Гренд Слем турнирите, годините и телото го прават своето и не е во состојба да одигра шест до седум врвни мечеви во рок од две недели.

Тоа најдобро се виде во полуфиналето на Вимблдон кога изгледаше беспомошен за поголем дел од дуелот против Јаник Синер. Сам призна дека повеќе не може да се натпреварува како порано.

По поразот од Италијанецот, Ѓоковиќ доби извинување од личност која поголем дел од неговата кариера го критикуваше. Призна дека конечно згрешила.

Имено, новинарката од угледниот New York Times, Кели Кориган му посвети посебен текст на српскиот тенисер со наслов: “Ѓоковиќу, погрешив во врска со тебе”.

Фото: Принтскрин